Самарџиски ќе добие околу 200 илјади евра отштета од „Црвена Ѕвезда“

Македонскиот кошаркар Предраг Самарџиски ја тужеше Црвена Ѕвезда бидејќи не му ги исплатиле платите и бонусите кои му ги должат. По пресудата во корист на кошаркарот клубот треба да му исплати 186.660 евра, пишува српски Телеграф.

Самарџиски исто така ги тужел црвено-белите и дека договорот е укинат без основа. Било утврдено дека тие му должат 173.750 евра, плус камата од пет отсто, затоа што долговите не биле исплатени од 26-ти јуни па до сега. Исто така Црвена ѕвезда ќе мора да ги плати и трошоците за судењето кои изнесуваат речиси 12.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.