Самарџиски ќе лапне 185.600 евра од Црвена Звезда

Раководството на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда ќе мора да му плати на македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски 185.660 евра, ова е одлуката на Судот за арбитража на ФИБА, по жалбата на центарот за ракинување на договорот без основа.

Судот, по жалбата на нашиот кошаркар, оцени дека „црвено-белите“ на Самарџиски му должат 173.750 евра, плус камата од 5%, зашто долговите не ги исплатиле од 26.јуни 2013 до сега. Покрај тоа Црвена Звезда ќе мора да ги покрие и трошоците за судењето во висина од 11.910 евра.

Нашиот репрезентативец во редовите на Црвена Звезда дојде на половината од минатата сезона од Литвос Ритас, а играше за белграѓани само во Купот на Радивој Корач и АБА лигата, бидејќи не беше лиценциран за Суперлигата.

Белграѓани на Самарџиски му понудија да му ислатат 103.750 евра на 12 рати, Пеџа не прифати, а судот оцени дека Црвена Звезда мора да го плати целиот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.