Свет

Самит ЕУ-Кина во Брисел

Самит ЕУ-Кина во Брисел

Во Брисел е во тек состанок на претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и кинескиот претседател Си Џинпинг и со тоа започна првиот Самит на Европската унија и Кина.

Џинпинг денеска ќе се сретне и со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и предвидена е и средба со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Во Брисел, на овој состанок му се придава голема важност, бидејќи Кина со 560 милијарди долари трговска размена во 2013 година е втора по големина трговски партнер на ЕУ.

Кинескиот претседател на кого ова му е прва посета на европскиот континент, вчера ја посети џиновската панда во зоолошката градина во Монса, а утре ќе ја посети фабриката за автомобили Волво во Џент која е најголема кинеска инвестиицја во Белгија.

Некогашниот шведски автомобилски гигант Волво од 2009 година е во сопственост на кинеската корпорација Џилај.

Предвидено е дека Си ќе се сретне и со белгискиот премиер Елио Ди Руп и дека ќе вечера со кралската двојка.

За разлика од минатонеделната посета на претседателот на САД Барак Обама, денеска во Брисел не беа распоредени безбедносни сили.