Самит на Кина, Русија и Иран во заднината на тензиите со САД

Средбата на врвот на којашто ќе учествуваат претседателите на Кина, Русија и Иран започнува во саботата на истокот од Кина во периодот кога сите три држави имаат тензични односи со САД, кога се заканува трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон, а Техеран сака да си обезбеди руска и кинеска поддршка по американското истапување од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма./

Шангајската организација за соработка, во којашто покрај Кина и Русија се и повеќе земји од јужна Азија, го одржува викендов годишниот самит во големиот град Чингдау, на кинескиот источен брег. Оклопни возила и голем број полицајци ги преплавија улиците на овој пристанишен град познат по ридовите со борови шуми и вили во германски стил. Властите ги евакуираа привремено трговците и туристите од неколку квартови пред официјалниот почетокот на официјалниот самит во саботата рано вечерта.

Покрај рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг, на средбата ќе учествува и специјалниот гостин, нивниот ирански колега по должност Хасан Роухани. Иако иранската нуклеарна програма не е дневниот ред, Роухани ќе има можност со колегите да разговара на оваа тема. Русија и Кина, како и САД, Велика Британија, Франција и Германија, се потписнички на договорот од 2015 година со кон Иран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за ублажување на децениските меѓународни санкции. Меѓутоа, одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп САД да истапат од овој договор создава можност за нови американски санкции против Иран под кои на удар ќе дојдат и странските компании коишто работат во оваа земја. Техеран сега бара поддршка од другите потписници, во прв ред Кина којашто е голем потрошувач на иранската нафта, за да може неговата економија да функционира.

Одговарајќи во средата на прашањето за плановите на Иран да ги зголеми капацитетите за збогатување ураниум, портпаролката на кинеската дипломатија се воздржа од каква и да е критика, повикувајќи ги само страните да „продолжат да го применуваат договорот“ потпишан во 2015 година. Кина би требало да го искористи самитот за да го протурка својот голем инфраструктурен проект „Нови патишта на свилата“ во моментите кога на азискиот гигант му се закануваат американските санкции, што е вовед во можна трговска војна којашто секако ќе има рефлексија врз глобалната економија.

Русија, како и Кина, во самитот гледа можност за сузбивање на влијанието на САД и НАТО во близина на своите граници на Далечниот исток. Шангајската организација за соработка, основана во 2001 година, во прв ред поради решавање на граничните прашања, повеќе нема да стои настрана, изјави Владимир Путин претходно оваа седмица во интервјуто за кинеската телевизија CGTN.

Хасан Роухани е вториот ирански претседател кој ќе учествува на шангајскиот самит, на кој Иран има статус на набљудувач. Членки на Шангајската организација за соработка се и четири поранешни советски републики од централна Азија – Узбекистан, Казахстан, Таџикистан и Киргистан, како и двете нови членки – Индија и Пакистан. Индискиот премиер Нарендра Модј, исто така, треба да допатува во