Анализи

Самитот ЕУ – западен Балкан во сенката на тешкотиите во односите со САД

Самитот ЕУ – западен Балкан во сенката на тешкотиите во односите со САД

Челниците на земјите членки на Европската унија ќе ги соберат на самитот во Софија со челниците на земјите од западен Балкан, првиот таков состанок по 15 години, но овој состанок може да остане во сенката на тешкотиите во односете со САД поради последните потезите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во пресрет на самитот со шесте земји од југоисточна Европа, во средата вечерта на работна вечера ќе се соберат челнциите на 28-те земји членки на ЕУ. Ќе се разговара за односите со САД, односно за одговорот на Европската унија на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран, царините за челикот и алуминиумот, како и за преселувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Челниците во текот на работната вечера ќе разговараат и за дигиталните теми, што првично беше замислено како главна тема на неформалната средба, но поради актуелниот развој на настаните во односите со Вашингтон, тоа ќе падне во втор план.

Во четврток ќе се оддржи и самитот ЕУ – западен Балкан, на кој нема да присуствува шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој не сака да учествува на овој собир поради присуството на Косово. Македонија ќе ја претставува премиерот Зоран Заев, Албанија премиерот Еди Рама, Босна и Херцеговина претседателот на Претседателството Бакир Изетбеговиќ, Црна Гора премиерот Душко Маровиќ, Србија претседателот Александар Вучиќ, а Косово претседателот Хашим Тачи.

На маргините на овој состанок ќе се одржат низа состаноци, а во среда ќе се одржи и тркалезната маса на тема „Дијалог со Западен Балкан: Создавање регион на раст, сигурност и поврзаност на патот кон Европа“, кој го организираат центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Еропскиот совет за надворешни работи.

 

Самитот ЕУ – Балкан

По петнаесет години повторно се организира самитот Европска унија – западен Балкан. Последниот се одржа во јуни во 2003 година во Солун, кога на овие земји им беше ветена недвосмислена европска перспектива. Во Брисел истакнуваат дека на следниот таков самит нема да се чека толку долго, туку дека ќе се одржи за две години во Заграб, за време на хрватското претседателствување со ЕУ во првата половина на 2020 година.

Поради тешкотиите во коишто изминатите години западна ЕУ, проширувањето падна во втор план и се’ уште нема апетит за примање на новите членки во догледно време: Добра илустрација на тоа е декларацијата која е доворена меѓу земјите членки, а која ја прифатиле и земјите од западен Балкан, којашто според оцените на многумина, помалку е амбициозна од Солунската декалрација од пред 15 години.

Самите подготовки за самитот протекоа со многу тешкотии поради Шпанија којашто одбива да учествува поради присуството на Косово. Шпанија е една од петте земји ЕУ кои не ја признаваат независноста на поранешната јужна покраина на Србија, но за разлика од другите четири Романија, Словачка, Грција и Кипар, инсистира дека не сака да седи на маса на којашто се претставници на Косово. Причината е внатрешнополитичката, односно настојувањето на Каталонија да се одвои од Шпанија. За да му се излезе во пресрет во Мадрид, земјите од западен Балкан се нарекуваат „партнери“, а на ниеден од челниците на шесте земји не му се наведува функцијата, туку само името и презимето. Имајќи ги предвид тешкотиите, во Брисел се смета за успех и тоа дека е усогласена заедничка декларација.

Во Брисел истакнуваат дека ова не е самит за проширување, туку самит за јакнење на поврзувањето на западен Балкан и ЕУ, како и меѓу земјите од регионот. Во декларацијата којашто ќе биде формално прифатена на самитот ќе се потврди европската перспектива на земјите од западен Балкан. Главната порака од самитот ќе биде поврзување во областа на сообраќајната, енергетската и телекомуникациската инфраструктура, како и поврзување на луѓето низ размените во образованието и културата. Една од конкретните иницијативите на овој самит би требало да биде предлогот за намалување на трошоците на роамингот за земјите од западен Балкан.

На маргините од самиот најавена е билатералната средба на македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Во Брисел се надеваат дека решението за прашањето на уставното име на Македонија, коешто Грција го оспорува, би можело да биде постигнато до самитот во јуни, што на Македонија би можело да ѝ овозможи датум за отворање на преговорите. На маргините на самитот во Софија, ќе се одржува и состанокот на Европската народна партија (EPP), најсилната груапција во Европскиот парламент, на кој ќе учествува и челникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Односите меѓу Брисел и Вашингтон

Во ЕУ настојуваат да го искоординираат единствениот одговор на неодамнешните потези на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како што се повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран и повторното воведување економски санкции што може да ги загрози интересите на европските компании, во прв ред француските и германските, како и царините на увозот на челик и алуминиум.

ЕУ доби привремено изземање од американските царини, но само до јуни. Доколку Бирсел не добие трајно изземање од новите намети за алуминиумот и челикот, Унијата подготвува противмерки.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, ќе претстават во средата на работната вечера предлог мерки за заштита на европската економија, којашто може да биде погодена поради американските санкции за Иран.

Една од можните мерки коишто се споменуваат е користењето на „блокирачкото“ законодавство според кое американските екстериторијални закони не би се спроведувале во ЕУ. На вакви мерки ЕУ се повика и во 1996 годна кога САД им се закануваа на европските компании во врска со нивните санкции за Куба, по што тогашната американска администрација попушти. ЕУ истакнува дека треба да се продолжи со спроведувњето на договороте со Иран, се’ додека Техеран го исполнува својот дел од договорот.