Самитот во Белград ќе го обезбедуваат 10.000 полицајци и снајперисти

Мерките за безбедност во текот на претстојнитот Самит на Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Белград ќе биде пообезбеден од посетата на претседателот на Русија, Владимир Путин. Овој собир ќе биде обезбедуван од 10.000 полицајци.

За мерките за безбедност вчера разговарале директорот на Полицијата, Милорад Вељовиќ, државниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Александар Николиќ и началниците на сите управи. На состанокот се разговарало за сите детали за обезбедување на Самитот.

Самитот ќе биде обезбедуван од 10.000 полицајци, што е за повеќе од 7.000 колку што имало ангажирано кога беше посетата на Путин или 4.000 повеќе кога во Србија била на посета држанвниот секретар на САД, Хилари Клинтон.

На улиците на кои ќе поминува делегацијата, ќе бидат тргнати шахтите и контејнерите, додека улиците за време на проаѓањето ќе бидат затворени.

„На покривите од зградите ќе има снајперисти, а службите ќе соработуваат и со странските служби“.

На Самитот на 16-ти декември ќе учествуваат претставници на 16 земји, вклучувајќи ги и премиерите на Кина и Србија.

Доаѓањето на самитот досега го потврдиле премиерите на Чешка, Словенија, Албанија и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, а своето присуство не го потврдиле делегациите на Полска, Унгарија, Естонија, Литванија, Летонија, Церна Гора, Македонија, Романија и Бугарија, додека пак хрватскиот премиер Зоран Милановиќ своето учество го откажа пред десетина дена.