Само 10.000 работници добиле К-15

Исп­ла­та­та на ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор, или по­пу­лар­ни­от К-15, сѐ уште не е лег­нат на сме­тка кај по­го­лем дел од ра­бот­ни­ци­те. Пос­лед­ни­те по­да­то­ци по­ка­жу­ва­ат де­ка од вкуп­но 300.000 ра­бот­ни­ци во при­ват­ни­от се­ктор, К-15 им е исп­ла­тен са­мо на око­лу 10.000 вра­бо­те­ни, пишува „Република“.

Од де­лов­ни­те асо­ци­ја­ции ги охра­бру­ва­ат ком­па­ни­и­те да нај­дат на­чин на сво­и­те вра­бо­те­ни да им пре­фр­лат ре­грес за го­ди­шен од­мор. Kако што се до­го­во­ри­ја на кра­јот на ми­на­та­та го­ди­на, Ор­га­ни­за­ци­ја­та на ра­бо­то­дав­ци и Со­ју­зот на син­ди­ка­ти­те на Ма­ке­до­ни­ја, из­но­сот тре­ба да из­не­су­ва нај­мал­ку 40 про­цен­ти од про­сеч­на­та не­то-пла­та во зем­ја­ва, или 8.500 де­на­ри, ед­наш во го­ди­на­та. Ова е ми­ни­ма­лен из­нос, а да­де­но е пра­во­то ра­бо­то­дав­ци­те да исп­ла­тат и по­го­лем из­нос, ако го доз­во­лу­ва тоа фи­нан­си­ска­та кон­ди­ци­ја на ком­па­ни­ја­та. Ова пра­во се вгра­ди во пос­лед­ни­те из­ме­ни на Оп­шти­от ко­ле­кти­вен до­го­вор за сто­панс­тво­то, кои вле­гоа во си­ла од 1 ја­ну­а­ри го­ди­на­ва, а има­ат важ­ност од две го­ди­ни. Во сог­лас­ност со нив, на­до­мест ќе мо­же да зе­мат са­мо тие ли­ца што ра­бо­тат кај ист ра­бо­то­да­вец нај­мал­ку шестме­се­ци во ед­на ка­лен­дар­ска го­ди­на.

Спо­ред Ан­гел Ди­ми­тров, пре­тсе­да­тел на Ор­га­ни­за­ци­ја­та на ра­бо­то­дав­ци на Ма­ке­до­ни­ја,мал­вер­за­ци­и­те со исп­ла­та­та на К-15 се не­за­кон­ски и тре­ба да би­дат при­ја­ве­ни од стра­на на ра­бот­ни­ци­те.

На ра­бот­ни­кот,чиј­што газ­да не­ма да му исп­ла­ти K-15,му оста­ну­ва­ат не­кол­ку мож­но­сти за да го ос­тва­ри ова свое пра­во.

-За не­исп­ла­ќа­ње на ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор, ра­бо­то­да­ве­цот ќе тре­ба да пла­ти каз­на од 1.000 до 4.000 евра, по ли­це. Зго­ра на тоа, по пла­ќа­ње­то на каз­на­та, ра­бо­то­да­ве­цот се­ка­ко ќе мо­ра да му исп­ла­ти на вра­бо­те­ни­от нај­мал­ку 8.500 де­на­ри. Ако не го на­пра­ви тоа, ра­бот­ни­кот, под за­кри­ла на ССМ, има пра­во да го ту­жи. Со ог­лед на тоа де­ка за­ко­нот пред­ви­ду­ва исп­ла­та на К-15, се ра­бо­ти за од­на­пред до­би­ен суд­ски спор во пол­за на ра­бот­ни­кот, по што не­го­ви­от ра­бо­то­да­вец ќе мо­ра да ги исп­ла­ти и ре­гре­сот и суд­ски­те тро­шо­ци

Ра­бо­то­дав­ци­те ве­лат де­ка ќе исп­ла­ту­ва­ат К-15, би­деј­ќи за­кон­ски се об­вр­за­ни да го на­пра­ват тоа, но не­го­ду­ва­ат би­деј­ќи им се на­мет­на нов тро­шок.

– Ова не е до­бре­дој­де­на мер­ка и прет­ста­ву­ва неп­ла­ни­ран тро­шок за ком­па­ни­и­те. Овој до­го­вор не е по­стиг­нат со це­ло­то сто­панс­тво и сме­та­ме де­ка не е на­чин на кој тре­ба да се изра­зи и на­гра­ди за­до­волс­тво­то на ра­бо­то­да­ве­цот од ра­бот­ни­ци­те. Се­пак,на­чи­нот на на­гра­ду­ва­ње на ра­бот­ни­ци­те тре­ба­ше да се оста­ви на сло­бод­на­та вол­ја на ком­па­ни­и­те би­деј­ќи, се­пак, тие нај­мал­ку 40 про­цен­ти од про­сеч­на­та пла­та во зем­ја­ва се не­пред­ви­ден тро­шок за ком­па­ни­и­те, кој не е вле­зен во биз­нис-пла­но­ви­те за го­ди­на­ва –сме­та­ат биз­нис­ме­ни­те.

Спо­ред нив, тоа ќе ги оп­то­ва­ри фир­ми­те со тро­шо­ци, но не­ма да го изи­гра­ат за­ко­нот би­деј­ќи каз­ни­те се го­ле­ми.

Од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра на Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што се здру­же­ни го­ле­ми­те ком­па­нии, не оче­ку­ва­ат исп­ла­та­та на К-15 да пре­диз­ви­ка фи­нан­си­скооп­то­ва­ру­ва­ње, а, од дру­га стра­на, пак,сме­та­ат де­ка ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор ќе прет­ста­ву­ва сти­мул за ра­бот­ни­ци­те.

За ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор во јав­ни­от се­ктор ССМ е во фа­за на пре­го­во­ри, но за­се­га сѐ уште не­мадо­го­вор. Од се­гаш­ни­от тек на пре­го­во­ри­те, спо­ред пре­тсе­да­те­лот на ССМ,Жи­вко Ми­трев­ски, вла­да­та е со став де­ка исп­ла­та­та на К-15 за вра­бо­те­ни­те во јав­на­та и во др­жав­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја ќе за­ви­си од бу­џет­ски­те средс­тва со кои рас­по­ла­га, пишува „Република“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.