Само 10 држави во светот живеат во мир

Во само десетина држави во светот официјално се живее во вистински мир, според десетиот годишен извештај Глобален индекс на мирот.

Од конфликтите на Средниот Исток па се до честите терористички напади, 2016 година е помалку мирна во однос на претходната година.

Само Боцвана, Чиле, Костарика, Јапонија, Маурициус, Панама, Катар, Швајцарија, Уругвај и Виетнам се во целосен мир, според извештајот на Институтот за економија и мир. Индексот покажува дека состојбата во 39 земји се влошила во последната година. Покрај овие земји Исланд се наведува како една од најмирните земји на светот, потоа Данска, Австрија, Нов Зеланд и Португалија. Како намалку мирољубива држава е наведена Сирија.

Основачот на овој институт Стив Килел за „Индепендент“ вели дека состојбата на Средниот Исток го повлече индексто на мир надолу.

„Кога ќе го погледнеме светот во изминатите 12 месеци забележуваме дека нема многу мир. Кога би ја изземале ситуацијата на Средниот Исток во последната деценија, светот би бил значително помирно место. Токму тоа покажува како состојбата во тој дел од светот влијае на севкупната состојба на мир на целата планета“, вели Килел.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.