Само 125 грaѓани имаат летечки интернет

Во Македонија се регистрирани 1,516.143 корисници на интернет, а од нив 342.018 имаат пристап до широкопојасен интернет.

Ова се податоци заклучно со 31 март годинава, и како што стои во извештајот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), само 125 од нив пребаруваат преку интернет, гледаат телевизија, слушаат радио, симнуваат документи, телефонираат со можност да го гледаат соговорникот… со супер големи брзини од над 100 мегабити во секунда.

Овој процент на корисници на летечки интернет е незначителен и Владата има за цел овој факт да го промени во скооро време.

– Наша цел е 80 отсто од населението во Македонија до 2018 година да биде покриено со широкопојасен интернет со брзина од 100 мегабити во секунда. Потоа бројот на домаќинства кои користат интернет да достигне 90 отсто, до 2018 година, најмалку 33 отсто од малите и средни претпријатија да ги продаваат своите производи он-лајнм да се намалат роаминг трошоците, како и да се зголеми бројот на е-услуги, најави неодамна министерот за информатико општество, Иво Ивановски.

samo-125-makedonci-imaat-letechki-internet-167030

Според податоците на АЕК, 11.145 корисници на широкопојасен интернет, пристапот до глобалната мрежа го остваруваат со брзини од 50 до 100 мегабити во секунда. Со брзина од 30 до 50 мегабити во секунда сурфаат 2.559 Македонци, а брзината на пристап од 20 до 30 мегабити во секунда имаат 8.958 корисници. Најголем број, или 177.032 пребаруваат со брзина од 4 до 8 мегабити во секунда.

Нешто над 17.000 корисници имаат бавен интернет од 2 до 4 Мб/с, 4.783 сурфаат со брзина од 1 до 2 Мб/с, а со супербавен интернет со „брзина“ по 1 Мб/с се мачат 22 корисници.

Од 120 нотифицирани субјекти, во службената евиденција на АЕК, во првиот квартал од годинава 112 обезбедуваат услуга за пристап до интернет. Најмногу интернет корисници се оние кои пребарувањето и симнувањето содржини го прават преку мобилен телефон.

Според правилникот за начинот на изградба на јавните електорнски комуникациски мрежи и придружни средства, што неодамна го донесе АЕК, во Македонија има само 3,61 отсто од корисниците имаат пристап до интернет со брзина поголема од 30 Мб/с.

samo-125-makedonci-imaat-letechki-internet-167031

Таква брзина, според динамиката од Правилникот, до 2016 година, треба да имаат 30 отсто од корисниците, до 2018 година 60 отсто, а во 2020 година да се достигне таргетот од 100 отсто. Моментните 1 отсто корисници на супербрз интернет, со брзина од над 100 Мб/с, се планира да се зголемат на 15 отсто во 2016 година, на 30 отсто во 2018 и на 50 отсто во 2020 година.

Пристап до интернет преку јавна кабелска ТВ-мрежа имаат 90.176 претплатници, а преку оптичка мрежа 13.259, што е за 3,88 отсто од вкупниот број на интернет корисници.

Најголем удел, според бројто на активни претплатници со фиксен пристап на широкопојасен интернет има Македонски телеком – 342.018, односно 43,67 отсто. По него следуваат операторите „Близу“ со 14,31 отсто, „Роби“ со 13,63 отсто, ОНЕ со 11,67 отсто, „Кабел Нет“ 1,6 отсто, „Неотел“ со 1,48 отсто, „Сан Вајарлес“ со 1,45 отсто, Инел Интернационал со 1,44 отсто и останати со 10,75 отсто.