Само бод за Борусија Дортмунд на дуелот со Аугсбург

дортмунд

Три бода на свој терен освоија Хамбургер и Ајнтрахт, додека триумф на гостински терен забележа единствено Волфсбург.

Резултати на четирите средби од 16.коло во Фудбалско првенство на Германија одиграни синоќа:
Борусија Дортмунд – Аугсбург 1:1,
Борусија Менхенгладбах – Волфсбург 1:2,
Хамбургер – Шалке 2:1 и
Ајнтрахт – Мајнц 3:0.

Дербито се игра вечерва во Минхен, каде шампионот Баерн ќе го пречека најпријатното изненадување оваа сезона, екипата на Лајпциг. Двете екипи се израмнети на врвот на табелата со по 36 освоени бодови.

Двојки за вечер:
Баерн Минхен – Лајпциг,
Херта – Дармштат,
Келн – Баер Леверкузен,
Инголштат – Фрајбург и
Хофенхајм – Вердер.

Табела: Баерн Минхен 36 бодови, Лајпциг 36, Ајнтрахт Франкфурт 29, Борусија Дортмунд 27, Хофенхајм 27, Херта 27,…

Сите натпревари ќе се играат во терминот од 20 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.