Само бод за Македонија во дуелот со Чешка

Ракометната репрезентација на Македонија освои само бод во дуелот со Чешка во вториот натпревар од А – групата на Европското првенство во Данска. Избраниците на тренерот Ивица Обрван,одиграа само – 24:24 (10:11) во мечот со Чесите, кој требаше да биде клучен за пласман во вториот круг.

„Црвено жолтите” на два пати во натпреварот успеаја да се одлепат на три гола 6:3 во 11 мунутаи 17:14 во 48 минута, но ова не беше доволно да се забележи првата победа на првенството.

Македонија на овој натпревар имаше и напад за победа, но не успеа да го реализира. Чешка се обиде да ги искористи последните десет секунди за да стигне до победата, меѓутоа нашата одбрана беше на висина на задачата и не дозволи противникот да постигне лесен гол. Веднаш направивме прекршок, времето истече, а ударот од девет метри на Филип Јиха заврши крај голот на Борко Ристовски.

Најефикасен на натпреварот во македонскиот тим беше капитенотЛазаров со 12 голови, додека во редовите на Чешка најмногу се истакна Хорак со 9 голови, а голманот Штохол забележа 21 одбрана.