Само девет минути му беа потребни на Левандовски за да го “разнесе” Волфсбург

Само девет минути му беа потребни на "резервистот" Левандовски за да го "разнесе" Волфсбург

Со голот на Даниел Калигури, гостите на полувреме имаа водство од 0:1, што навестуваше пораз за актуелните шампиони. Се до 51-та минута.

Резервистот Роберт Левандовски, кој влезе на почетокот од второто полувреме имаше свое гол-шоу. Полјакот постигна дури пет погодоци во интервал од само девет минути, од 51-та до 60-та минута, подвиг кој досега не е виден на фудбалските терени. Присутните на “Алијанц Арена” во транс и неверување ги проследија молскавичните девет минути на Левандовски, кои со сигурност ќе останат запишани во аналите на европскиот и светскиот фудбал.



Бундеслига, 6-то коло:

Дармштат – Вердер 2:1,
Херта – Келн 2:0,
Инглоштат – Хамбургер 0:1.

Вечерва се играат другите пет натпревари од оваа рунда:

Хановер – Штутгарт,
Хофенхајм – Борусија Дортмунд,
Баер Л. – Мајнц,
Борусија Менхенгладбах – Аугсбург,
Шалке – Ајнтрахт.
Табела: Баерн 18 бодови, Борусија Д. 15, Волфсбург 11,…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.