Само два дена по изборната победа, Орбан прогласен за виновен

Унгарскиот премиер ќе се сретне и со премиерот Груевски и спикерот Вељановски

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ги прекршил европските закони менувајќи ги челниците на унгарската агенција за заштита на податоци, оценил Европскиот суд на правдата, само два дена откако повторно победи на изборите.

„Независноста на надзорните власти подразбира обврска да им се дозволи да изработат целосен мандат“, стои во одлуката на Европскиот суд на правдата.

На почетокот на 2012-тата година, била изразена загриженост дека промените на унгарскиот устав ќе ја ограничи независноста на правосудството, централната банка и телата за заштита на податоци, што било спротивно на европските закони и начела.