Со само едно прашање тестирајте колку е здрав вашиот мозок

Истражувачи од Универзитет во Токио веруваат дека одговорот на следното прашање е добар и силен показател за тоа кој е во опасност од мозочен удар.

Прашањето гласи:

Колку долго можете да стоите на една нога?

Повеќе од 1.300 жени и мажи учествувале во истражувањето во кое биле замолени со отворени очи да стојат на една нога. Испитаниците за кои стоењето на една нога во времетраење од повеќе од 20 секунди бил вистински предизвик постигнале најлоши резултати на тестовите за процена на нивните когнитивни функции.

Испитаниците кои се бореле со рамнотежата исто така покажале поголем ризик од мозочен удар.

Јашухару Табара, водител на истражувањето, напишал: „Стоењето на една нога е дефинитвно мерка на постуралната нестабилност како можна последица на абнормалност во мозокот“.

Сепак, опуштете се – испитаниците во просек имале по 67 години, што значи дека имате доволно време да поработите на рамнотежата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.