Само „Господ“ може да го отплати грчкиот долг

Што имаат заедничко Алексис Ципрас, Џорџ Сорос, Ноам Чомски, Јанис Варуфакис, Костас Симитис, Стандард енд Пурс и обичниот грчки народ? Сите се сложуваат дека Грција неможе да ги отплати долговите, пишува Грик рипортер.

Преговорите помеѓу Грција и кредиторите повторно се во стагнација. Кредиторите инсистираат на мерките за штедење со цел да се продолжи финансиската помош за земјата. Грчката влада повлече одредени црвени линии за прашањата како што се пензии, безбедносни фондови, работнички права и данокот на додадена вредност. Ниту една страна нема намера да се повлече.

Во моментов земјата е на работ на банкрот, само интервенцијата од „возвишена инстанца“ може да ја извлече Грција од финансиските турбуленции.

И затоа што Господ не се јавува во јавноста и не дава пари, неговите претставници може да дадат помош и да ја извлечат земјата од економскиот хаос.

Во случајот на Грција, претставник на Господ е Грчката Православна црква. Црквата која има долга историја на постојана соработка со грчката држава и која помогна да се изгради модерна Грција по ослободувањето од отоманската власт. Црквата и државата се неразделни во поновата историја и нивното разделување е табу тема низ годините.

Во петте години на тешка рецесија додека околу 3.000 Грци извршија самоубиство поради финансиски проблеми, илјадници луѓе станаа бездомници, а голем број интелектуалци ја напуштија државата, Црквата беше отсутна. Јавните кујни и малиот број засолништа се премногу малку за толку голема криза.

Архиепископот Атински и на цела Грција Јеронимос Втори изјави за грчката национална телевизија дека Црквата е подготвена да понуди дел од својот имоти и претпијатија на користење за да помогне да се исплати грчкиот долг. Ова беше првата официјална изјава која доаѓа од грчката Црква која вети дека ќе и помогне на земјата кога ќе има потреба за тоа. Прашан дали мисли на продажба на црковен имот, Јеронимус одговори дека мисли на користење на црковните средства со цел да се генерира профит кој ќе помогне да се отплати долгот на земјата.

Според министерот за финансии Јанис Варуфакис станува збор за мошне нејасна изјава, а премиерот Ципрас упати телеграма до архиепископот во која му се заблагодари и побара од него да отпочне соработката. Досега нема нови информации за оваа тема.

Постојат нејаснотии – најверојатно божествени – околу имотот на Црквата. Нема регистер на имотот на Црквата. Според неофицијалните информации цркватапоседува околу 8 трилиони евра (1 трилион има 1 милион милјарди), што е астрономска сума и претставува речиси една дваесетина од грчкиот долг. Сепак, богатството на црквата е скриено зад околу 10.000 јавни организации (цркви, манастири, фондации итн.).  Засега никој, па ниту највисоката администрација, не знае точно колкаво е богатството на црквата.

Можеби навистина е време и „Господ“ (Грчката Православна црква) да и помогне на државата да го отплати својот долг.

фото: Greekreporter

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.