Само Гвардиола задоволен од арбитражата на Рицоли

Како точна се покажа констатацијата на контроверзниот менаџер на Чезли, Жозе Мурињо дека трофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола важи за миленик на луѓето во црно.

Предводникот на Баерн (М) е еден од ретките кои можат да ја сватат одлуката на познатиот италијански стручњак Никола Ррицоли да му додели жолт картон на Боатенг за намерниот старт врз Озил во казнениот простор на Баерн (М), а црвен на голманот на Арсенал, Шчесни за намерниот страт врз Робен.

“Се беше полесно после црвениот картон. Тука нема ништо спорно, Шчесни беше последен човек и мораше да добие директен црвен картон. Нема ништо спорно во одлуката на Рицоли. Арсенал одигра совршено во првите 15 минути од натпреварот, а ние го наметнавме нашиот стил на игра после промешениот пенал на Озил. Не е лесно да се игра кога противникот се брани со девет фудбалери. Бевме трпеливи, знаевме дека ќе добиеме шанса да го загрозиме голот на Арсенал. Не смее да повтори тоа што се случи минатата сезона кога Баерн (М) загуби од Арсенал на “Алианс Арена”, изјави Гврдиола.