Спорт

Само Крос не го потценува Манчестер Јунајтед

Само Крос не го потценува Манчестер Јунајтед

За разлика од фудбалските стручњаци и поголемиот број од фудбалските фанови, кои веќе предвидуваат сигурен пласман на Баерн (М) во следната, полуфинална рунда од Лигата на шампиони, стандардниот првотимец во дресот на баварскиот гигант, Тони Крос, потцети дека моменталниот пласман на табелата, не е од толкава важност кога е во прашање најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига.

„Јас ќе кажам многу интересна ждрепка за Баерн (М). Сепак, не смее да не залажи моменталната позиција на табелата. Не е важно на која позиција е Манчестер Јунајтед. Најважно од се е да сватиме дека играме против најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, а сите добро знаеме колку е квалитетна таа лига”, изјави одличниот играч за врска.

Само за потцетување, Тони Крос веќе подолг временски период важи за најголема желба на раководните лица на Манчестер Јунајтед кои сигурно на стартот од летниот преоден рок ќе испратат официјална понуда за неговите услуги и истата нема да биде помала од 25 мил. фунти.