Само Марадона го брани Суарез

Меѓу ретките кои застанаа во одбрана на репрезентативецот на Уругвај е и легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Армандо Марадона.

За разлика од фудбалскиот свет кој е згрозен од за жал успешниот одбид на Луис Суарез да го гризне дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелини, Марадона е убеден дека неговиот срамен потег може да се мери со црвениот картон кој Зинедин Зидан го доби во финалниот натпревар од Светско првенство во Германија кога намерно со глава го удри Марко Матераци.

“Оваа одлука е срамна. Зошто? Кој е убиен? Ова е фудбал, зошто ФИФА не му стави лисици и не го прати во Гвантанамо? Играч напорно тренира цела година за да настапува на Светското првенство. Ова е неверојатно. Сетете се што направи Зидан во финалето на Мундијалот во 2006 година.ФИФА после тоа му даде „Златна топка“, изјави Марадона.

Најсмешно во целата оваа ситуација е тоа дека Суарез доби подршка од Марадона која освен како фантатсичен фудбалер е познат и по тоа дека повеќе пати бил суспендиран поради користење на недозволиви средства, најчесто кокаин.