Само минимална предност за Шкендија

Фудбалерите на Шкендија за запишаа првата победа на европската сцена откако со минимални 2:1 го победија молдавскиот претставник Зимбру во првиот натпревар од 1. квалификациско коло од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Тетовскиот прволигаш дојде во воство во самиот финиш од првото полувреме со прекрасниот погодок на хрватскиот интернационалец Бојан Вручина. На стартот од второто полувреме Шкендија го зголеми водството со погодокот на Иван Митров.

Почесниот погодок за гостнскиот тим беше дело на Александру Сергиу Гросу, кој во 50 минута успешно го изведе ударот од белата точка.

Реванш дуелот во Молдавија ќе биде одигран на 10 јули.