Македонија

Само педестина луѓе се одзваа на повикот за протест на СДСМ

Само педестина луѓе се одзваа на повикот за протест на СДСМ

Граѓаните не ги поддржуват потезите на раководството на СДСМ предводено од Зоран Заев. Најголемата опозициска партија собра едвај педесеттина луѓе на вечерашниот протест пред Владата, објави Курир.

Веднаш по прес-конференцијата на СДСМ, на социјалните мрежи се појави организирана иницијатива за протест пред Владата, зад која стои штабско организирање на СДСМ, што се виде и потврди од луѓето кои се собраа да протестираат.

Меѓу присутните пред Владата беа и братучедот на Радмила Шекеринска и дежурен протестант Никола Наумовски, познат на јавноста како активист на Плоштад Слобода и Распеани Скопјани, опозицискиот колумнист Ивор Мицковски и неговиот брат.

Со ова, граѓаните му кажаа јасно и големо „не“ на Зоран Заев, па пред Владата не дојдоа ниту најзагреаните поддржувачи на СДСМ. Според познавачите, тоа е само уште еден доказ дека граѓаните не му веруваат на Заев и дека не се подготвени да поддржат политичари кои за лични и теснопартиски интереси влегуваат во соработка со странски служби на штета на македонските национални позиции.

фото:Курир