Спорт

Само победа над Киелце за пласман на Фајнал-фор турнирот

Само победа над Киелце за пласман на Фајнал-фор турнирот

Ракометарите на Вардар денеска од 15 часот и 30 минути против Киелце ќе го одиграат реванш дуелот од четврт-финалето во Лигата на шампиони.

Македонскиот вицешампион замина на гостувањето во Полска со два гола негатива, но избраниците на тренерот Раул Гонзалез најавија дека ќе дадат се од себе да стигнат до победа, да ја анулираат предноста на противникот и да се пласираат на Фајнал-фор турнирот.

Полскиот шампион сезонава има само еден пораз и тоа на домашен терен и токму овој податок го подгрева оптимизмот во нашиот табор.

Во составот на Вардар се враќа кружниот напаѓач Михаил Чипурин, а на спротивната страна поради повреда повторно ќе отсуствува Криштоф Лијевски.

Само за потсетување, екипата на Барселона со вчерашниот убедлив триумф над ППД Загреб со 43:21, на кој нашиот Кирил Лазаров постигна девет гола, прва обезбеди пласман на завршниот Фајнал-фор турнирот кој ќе се игра на 30 и 31 мај.