Македонија

Само позитивни резултати се добиваат од државниот испит на Медицинскиот факултет

Само позитивни резултати се добиваат од државниот испит на Медицинскиот факултет

На медицинскиот факултет студентите години наназад полагаат државен испит и тоа на крајот на завршувањето на студиите и по измината една година стажирање. Комисиите пред кои полагаат се составени од врви експерти во своите области.

– Долги години имаме државен испит, тоа е пракса кај колегите од стоматологија, слично е и на медицина. По завршувањето, односно дипломирањето студентите треба да обават редовен стаж од година дена на секој стручен дел, односно стручна клиника од сите седум стручни испити кои секој студент мора да ги помине, така да после завршениот стаж се пријавуваат за испитот, а самиот испит се организира од страна на Стаматолошката комора, значи кога ќе ги пријават документите самите кандидати, се формира комисија од пет члена која практично го спроведува државниот испит. Прво се полага компјутерски тест – имаме база од околу 4.000 испитни прашања на веб-страната на самата комора. Самите студенти се запознаени со прашањата што можат да им се паднат, а после завршениот компјутерски тест се оди на теоретско испрашување од страна на пет члената комисија. Самиот испит се одвива во две фази, после завршувањето се добива уверение за завршен државен испит и псоле тоа самиот колега добива лиценца за работа, рече проф. д-р.Оливер Димитровски од Стоматолошкиот Факултет, во изјава за Канал 5.

sikole500

Комисиите пред кои се полага државниот испит, како што појасни тој, се составени од врви експерти во своите области.

– Државниот испит за лекарите кои завршуваат медицински факултет се спроведува со години и тоа е вообичаен начин за лекарите да се стекнат со лиценца за работа. Откога ќе го завршат медицинскиот факултет кој трае 12 семестри се пристапува кон полагање на државен испит кој со години наназад го спороведува Лекарската Комора на Р.Македонија. Испитот се спороведува во два дела-еден дел во вид на тест кадешто лекарите одговараат на прашања во вид на писмен испит и усмен дел кадешто лекарите пред комисија спставена од повеќе професори –стручњаци од разни области на медицината ги испитуваат за поседување на минимум знаење кое ќе им биде потребно на лекарите во нивната секојдневна работа. Тоа е нешто што вообичаено се спроведувало на Медицинскиот факултет, сум го полагал и јас и сите мои колеги и денеска исто така се поалга на стандарден начин. На тој начин испитувачите потвдуваат дека лекарите кои го положиле државниот испит се стекнале со минимум потребно знаење за понатамошна работа, истакна д-р. Александар Шиколе за Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека прашањата на државниот испит ја опфаќаат целата медицина, сите предмети, а особено клиничките предмети од медицината.