Економија

Само преработувачката индустрија во јануари пораснала за 16,9 отсто

Само преработувачката индустрија во јануари пораснала за 16,9 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во средата, индексот на индустриското производство во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 108,4 поени.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари
2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи опаѓање од 0,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 28,4 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерали, Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,8 отсто, Капитални производи за 26,6 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 57,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 26,1 отсто.