петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 42

Само сон или повеќе од реалност, македонската е-спорт федерација во поход на светска слава

За овогодинешниот натпревар од 5 до 8 октомври во Џакарта, Македонија веќе ги има избрано тимовите и играчите кои ќе ги веат нашите бои во дигиталните жаришта.

cloudy

Поврзани вести

Скромна, но издржлива, Македонската Е-спорт федерација од 2005 година па се’ до денес е активна и го собира „кремот“ од македонските гејмери кои ја претставуваат на сите настани и натпревари кои што се организираат во светот. Почетоците почнуваат во интернет клубот „Ентернет“ каде што од 200 пријавени учесници се издвоија репрезентативците во четири дисциплини.

Целиот тој труд и ентузијазам кај младите гејмери и гејмерки се преточи на дури 300 учесници кои во 2008. година се бореа да ја претставуваат Македонија во Германија на WCG, најдобриот светски настан за гејминг спорт, кој што беше покриен и од Еуроспорт што дава значителна тежина на овој феномен.

e-sport-2

Конечно во 2009. година се прават посериозни напори и се успева во тоа гејмингот да добие посериозни размери во државава. Тогашните квалификациски натпревари се играа на градскиот плоштад во Скопје, а настанот беше подржан и од локалните власти. Поради тешката економска година Македонија успеа да состави само една репрезентација, за Counter Strike 1.6, која што беше најпопуларна во тој период.

Наредната година ги очекуваше вистински скок. Во 2010 година беа пријавени 60 екипи, посетеноста се издигна на 2000 лица, а настанот беше покриен од поголемите медиуми. Покрај тогашниот градоначалник Коце Трајановски на прес конференцијата беше присутна и Агенцијата за Млади и Спорт односно нејзиниот директор, Диме Спасов. Посериозни резултати забележавме како држава веќе истата година каде што тимот на Македонија успеа да го победи тогашниот фаворит и гигант во гејмингот, Данска.

e-sport-3

Квалификациите за наредната 2011 година добија поголеми димнезии благодарејќи на тогашниот „ЛАНФЕСТ“ кој што беше настан каде што сите љубители и ентузијасти можеа да си ги одмерат силите во виртуелните арени. Со посетеност од 10.000 гледачи кои ја исполнија спортската сала „Борис Трајковски“ и рекорден број од 320 учесници Македонија си ја бираше својата репрезентација за во Бусан. Покрај тоа на настанот имаше и натпрвари во ЛАН програмирање и дизајнирање и монтажа на аудио и видео материјали.

e-sport-turnir-002

Тука успесите и трудот не запираат. Веќе од јули е формирана првата официјална е-спорт лига на Македонија, а нареден чекор е признавање на е-спортот како официјален спорт по примерите на Русија, Кореа, Шведска и останати земји. Една од целите на федерацијата е и основање на Е-спорт Академија каде што талентираните играчи ќе можат повешто да се обучуваат и подготвуваат за претстојните победи кои на очекуваат како држава. Ќе се формира и онлајн база каде што ќе се евидентираат сите активни гејмери во Македонија, но за сето ова треба помош од разни партнери како и поддршка од самата држава.

За овогодинешниот натпревар од 5 до 8 октомври во Џакарта, Македонија веќе ги има избрано тимовите и играчите кои ќе ги веат нашите бои во дигиталните жаришта. Сите заинтересирани за официјалниот формат и правила можат да се информираат повеќе на следниов линк.

Не заборавајте дека и вие можете да ја подржите Македонија по пат на краудфандинг на телефонскиот број 143444 или преку letsfundit на претстојното светско првенство во октомври во Џакарта, Индонезија. Со средствата ќе се набават авиобилети за жолто-црвените репрезентативци.

 

Најчитани вести