Само што стапнаа на албанско тло, српските фудбалери беа нападнати

Инцидентот се случи веднаш по пристигнувањето во Тирана, односно додека српските репрезентативци патуваa од аеродромот кон хотелот каде требаше да преспијат.

Низ улиците по кои се движеше автобусот беа собрани голем број домашни навивачи, со единствена намера добро да ги испровоцираат српските фудбалери. Еден од нив со тврд предмет го напукна стаклото на автобусот, а тоа беше снимено од безбедносната служба на српската полиција која имаше свои претставници со фудбалската експедиција.

За среќа, стаклото издржа, а според извештаите, фудбалерите останале мирни и присебни и не дошло до поголем инцидент.