Спорт

Само Ван Перси и Робен се сигурни патници во Бразил

Само Ван Перси и Робен се сигурни патници во Бразил

Освен за да го објави поширокиот список со репрезентативци, селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луи ван Гал, последната официјална прес-конференција ја искористи за да испрати јасна порака до сите фудбалери дека во неговиот тим, загарантирано место имаат само најголемите ѕвезди во дресовите на Манчестер Јунајтед и Баерн (М), Робин ван Перси и Арјен Робен.

„Во грешка се сите тие кои мислат дека се е готово кога е во прашање изборот на фудбалери. Во мојот тим, во мојата репрезентација сигурно место имаат само Робин ван Перси и Арјен Робен. Ова не е нешто ново, ова го повторувам веќе година и пол. Лично ќе ги нформирам сите фудбалери, дали ќе настапат во Бразил или ќе останат дома. Има неколку помлади фудбалери од кои сум импресиониран и кои се во игра за конечниот список”, изјави Ван Гал.

Список со фудбалери: ГОЛМАНИ: Јеспер Килесен, Мајкл Ворм, Тим Крул, Јероен Зоет. ДЕФАНЗИВЦИ: Пол Верхаген, Патрик ван Анхолт, Дарил Јамант, Јоел Велтман, Стефан де Вриј, Рон Влар, Бруно Мартинс Инди, Карим Рекик, Теренс Конголо, Дани Блинд. СРЕДЕН РЕД: Лерој Фер, Најџел де Јонг, Џорди Класеи, Џонатан де Гузман, Џорџино Вијналдум, Весли Снајдер, Рафаел ван дер Варт, Тони Вилхена. НАПАД: Куинси Промес, Ариен Робен, Жан Пол Боетиус, Робин ван Перси, Клас-Јан Хунтелар, Дирк Кујт, Џермен Ленс, Мемфис Депаи.