Спорт

Само во Бугарија: Градоначалник сам се постави за тренер за фудбалски клуб !

Само во Бугарија: Градоначалник сам се постави за тренер за фудбалски клуб !

Градоначалникот на бугарското гратче Симитли бил незадоволен од очајната форма на фудбалскиот второлигаш, Септември, бидејќи на последните неколку средби клубот освоил само еден бод. Поради тоа, градоначалникот одлучил да го смени тренерот но направил циркус, кога се поставил самиот за кормилар на екипата.

Септември е 11-то пласиран на табелата. Според градоначалникот, лошите игри се лош маркетинг за градот и очајните настапи се – навреда за градот.

-Јас ќе го водам тимот на следниот меч против Локомотива од Горна Ораховица. Овие игри ги навредуваат навивачите и целата јавност на Симитли. Ова не е воопшто сериозно , рекол Апостол Апостолов, кој е  поранешен фудбалски судија.

Најголем успех на овој тим е пласманот во полуфиналето на Купот на Бугарија, откако ја исфрлија ЦСКА Софија во четвртфиналето во 2012 година.