Само во експлозијата на метрото 20 лица загинаа, 106 се повредени

Над 100 лица се повредени, а најмалку 20 лица загинаа во нападот на метро станицата Малбег во Брисел.

На прес конференција, градоначалникот на Брисел Иван Мајер информира дека околу 20 лица загинале во експлозијата на метро станицата, но дека „е премногу рано да се каже колкав е бројот на жртвите“.

Тој потврдил дека во нападот на метро станицата што се наоѓа во близина на институциите во Брисел околу 106 лица се повредени.

Инаку се верува дека во трите експлозии што денес го погодија Брисел вкупно загинале 34 лица.