Само во „Капитол Резиденс“, продажба на станови со каматна стапка од 2,9%

Предновогодишна примамлива понуда од „Капитол резиденс“ – продажба на висококвалитетни и модерни  станови по специјални цени со многу поволни услови!

Становите во овој резиденцијален комплекс, до крајот на годинава можат да се купат и преку кредит со ниска каматна стапка од 2,9 отсто, можност за отплата до 20 години и без провизија за одобрување на кредитот.

Комплексот лоциран во срцето на скопската населба  Аеродром, е изграден на бруто површина од 8.000 квадратни метри и на четири нивоа за продажба  нуди 72 ексклузивни стана, во склоп на трговскиот центар „Капитол мол“.

Резиденционалниот дел, кој сам по себе е новина кај нас, афирмира поинаков квалитет на живеење, бидејќи го комбинира домувањето со атрактивните содржини на еден современ трговски центар.

Влезот на становите е со посебни лифтови, а исто така, станарите имаат директна комуникација со Трговскиот центар и со Фитнес центарот.
При осмислување на проектот, архитектите внимавале на секој детаљ, па така иако на првите неколку ката функционира  Трговскиот центар, крајно се внимава на зачувувањето на приватноста на станарите.

Во дизајнот и квалитетот на становите, инвеститорот „Сити плаза“ има вградено свој препознатлив печат со внимателно изведени архитектонски рационални решенија.

Постојат разновидни варијанти во распоредот и големината на становите, кои што  исполнуваат различни потреби, од студио тип, до станови со 3+1, како и апартмани со пространи тераси. Становите на последниот кат имаат конфорни тераси од кои што може да се ужива во прекрасен поглед во овој дел од македонската метропола.

Објектот е изведен во согласност со сите стандарди кои ги бара нашето поднебје, со употреба на материјали од највисок квалитет. Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови. Ѕидовите се изведени со дебелина од 20 сантиметри и демит-фасада со камена волна, преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата.

kapitol1

Целиот објект има алумински прозорци и врати со термо-мост, кои се застаклени со трислој но стакло, од кое едното е и четирисезонско, што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Со ова, на секој станар му се овозможува максимална заштеда на енергијапотребна за загревање во зимскиот период и за ладење во лето. Комплексот има 24 часа обезбедување.

kapitol2