четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 0

Само во септември запленети 6 тони марихуана во Албанија

Само во текот на септември албанската полиција уништила 100 илјади стебла марихуана на целата територија на земјата.

Поврзани вести

Најголемиот процент од уништените стебла марихуана се во Мемалиај и Тепелена,но цели парцели се уништени и во Тирана,Валона,Пермет и Мат.

– Полицијата има повеќе успешни акции на запленување големи количини марихуана чиј шверц е интензивиран од почетокот на септември. Полициската статистика потврдува дека само на територијата на Албанија запленета е рекордна количина марихуана главно наменета за странскиот нарко пазар,вклучувајќи ги и трите тона откриени во Мат деновиве, јави тиранската телвизија Топ чанел.

Вкупно запленатата марихуана во месец септември и првите два дена од октомври е шест тони. Најголемиот дел од запленетата дрога требало да стигне во Италија како и во Грција. Во тој период уапсени се и 24 лица.

Телевизијата наведува дека шверцерите сега користат нов начин за транспорт на марихуната и тоа со мали авиони, а во недозволената трговија се почесто освен албански учествуваат и италијански и грчки државјани.

Најчитани вести