Само за една недела убиени 300 луѓе во Сирија, од нив 87 се деца

Во осумдневните воздушни напади во Сирија животот го загубија над 300 лица, а меѓу нив има 87 деца.

„Од 15 до 22 декември 301 лице, меѓу кои 87 деца, 30 жени и 30 бунтовници се убиени“, стои во соопштението на Сириската организација  за човекови права.

Оваа и други невлади организации за смртоносните напади го обвинуваат режимот на претседателот Башар ал Асад кој според  нив, „фрла буриња со експлозив врз населбите каде има бунтовници“.

За Франц прес, извор кој сакал да остане анонимен истакнал дека Башар напаѓа од воздух бидејќи нема доволно луѓе на копно.

Алепо од минатото лето е поделен на два дела, еден на бунтовниците и еден под власт на режиот на Асад.

Организацијата за заштита на човекото права соопшти дека од 15 до 18 декември загинале повеќе од 200 лица.