Само за жени: Безобразни секс совети

Сите парови од време на време запаѓаат во криза. Кризите најчесто се пренесуваат и на самиот сексуален живот, а токму сексот може да биде најдобар лек за ваквите кризи.

Поврзете се повторно со вашиот партнер со помош на сексот, користејќи ги овие одлични трикови. Оставете некоја од овие идеи во резерва, во случај во иднина повторно да ви затреба ваква помош.

  1. Носете само високи потпетици

Дури и ако не е заинтересиран за секс, ако се појавите пред него носејќи само високи потпетици, сосема голи, нема да му е потребно многу време за да се заинтересира. Чевлите ќе го подигнат вашиот задник, а дури и за себе ќе изгледате поубаво од било кога, а тој едноставно нема да може да му одолее на вашиот секзуален чекор. Изберете ги вашите најубави чевли и не ги соблекувајте и за време на сексуалниот чин.

  1. Самозадоволувајте се пред него

Додека навечер седите и гледате телевизија, почнете изненадно да се допирате и галите. Префрлете ја едната нога кон него, потпрете се и подигнете го здолништето, а тој, колку многу и да е загледан во своето шоу, телевизорот одеднаш ќе престане да постои за него. Препуштете се и уживајте, воздивнувајте, но никако не му дозволувајте веднаш да започне да ве допира. Сензуално тргнувајте ги неговите дланки и продолжете да го предизвикувате со поглед. Експлозијата која ќе следи ќе биде незаборавна.

  1. „Безобразни“ приказни

Испратете му порака во која ќе му кажете дека сте возбудени и дека одвај чекате да се видите. Или започнете да му зборувате што се’ посакувате тој да ви направи додека заедно се возите од работа до вашиот дом. Може да го побарате и за време на работните часови за да му кажете колку сте возбудени и дека едноставно не можете да престанете да мислите на сексот со него.

  1. Глумете „куќна помошничка“

Купете униформа на француска собарка и фрлете се на работа низ вашиот дом непосредно пред неговото доаѓање дома. Кога ќе дојде, бакнете го и продолжете со средување на домот, но со доза на сензуалност. Ако се обиде да ве предизвика, кажете му дека сепак ќе мора да почека да завршите со чистењето, а при средувањето, користете ја секоја прилика за да ги истакнете своите атрибути или да го збеснете со некој дел од вашето тело чистејќи непосредно до него. Исчекувањето само ќе ја зголеми возбудата.

  1. Без гаќички

Кога некаде ќе излезете заедно, едноставно прескокнете ги гаќичките. Дури кога ќе стигнете на договореното место, кажете му дека сте заборавиле да ги облечете. Идеално би било тогаш да одите и во шопинг па да пробате и некоја нова сукња, а додека ја пробувате, тој ќе ве замислува како токму без гаќички стоите позади параванот. Кога ќе се враќате кон вашиот дом, не му дозволувајте уште некое време да го допира долго посакуваниот дел од вашето тело, а кога ќе дојдете дома, едноставно дозволете му се што ќе посака.

  1. Допирање под масата

Излезете во ресторан, седнете еден спроти друг и започнете да флертувате со него и да му ласкате. Истакнете ги сите негови атрибути кои во тој момент ви се чинат најмногу секси а потоа започнете да ги галите неговите нозе со вашето стапало. На почетокот правете се како тоа да сте го направиле сосема случајно, а потоа продолжете да го мазите дури и додека келнерот стои покрај вас. Подоцна подигнете ја ногата колку е можно повисоко до неговите бутини и флертувајте со него. Кажете му дека одвај чекате да останете сами.

  1. Раскажете му валкани соништа

Речете му дека сте сонувале пред неколку вечери како имате секс со жена и опишете му како ви било во самиот сон и што се сте правеле со жената во кревет и колку всушност сте уживале. Кажете му дека и тој бил во вашиот сон и дека ве гледал и видно посакувал да ви се придружи. Ако сте отворени за тројка, пробајте, но ако сепак не сте, нему ќе му биде сосема возбудливо и доволно што вие со него го споделивте вашиот „валкан” сон.

  1. Пуштете му филм за возрасни

Кога ќе си дојдете дома после работните обврски, кажете му дека сте обезбедиле одличен филм за гледање и дека посакувате заедно да го гледате. Ако тој ве одбие поради замор, пуштете го и сами започнете да гледате, а кога тој ќе види за што се работи нема да може да одолее и ќе ви се придружи. Кога атмосферата ќе се загрее до точка на „вриење”, паузирајте го филмот и „развијте” сопствен филм.