Самоубиствен бомбашки напад на концерт во Чеченија

Петмина полицајци загинале, а други 12 се ранети при обид да спречат самоубиствен бомбашки напад на концерт вчеравечер во главниот град на Чеченија, Грозни, јавува РИА „Новости“, пренесува Нетпрес.

Според инфорамции на руското министерство за внатрешни работи, тројца од повредените се во тешка состојба.

Терористот самоубиец се разнел на влез во концертната сала, непосредно пред да помине низ метал – детектор. Концертот се одржувал по повод патронене празник на Грозни и роденден на претседателот Рамзан Кадиров.

Лицето кое требало да го изврши нападот им станало сомнително на полицајците и тие дошле до него, чекајќи да го мине метал детекторот. Но, во тој момент, самоубиецот го активирал експлозивот кој го носел на себе и се разнел.

Чеченскиот претседател Кадиров соопштил дека бомбашот со себе носел и пиштол. Утврдено било дека станува збор за деветнаесетгодишен локален жител.

Руското министерство за нватрешни работи соопштило дека благодарение на полицајците, кои си го жртвувале својот живот, бил спречен терористички напад кој би моел да има далеку поголеми трагични последици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.