Девојче бомбаш-самоубиец во Нигерија уби 16 лица

Жените се самоубиваат за да избегаат од ИСИС

Девојче бомбаш-самоубиец вчера во северна Нигерија уби 16 лица.

– Атентаторот самоубиец, девојче на 12-годишна возраст, ја активира бомбата на пазарот во селото Вагир, во државата Јобе – објасни општински претставник.

Девојчето (10) на пазарот пристигнало со моторцикл, по што пеш отишло до најголемата толпа луѓе, каде ја активирало бомбата.

Нападот се случи само еден ден откако две девојчиња извршија самоубиствени напади во друг град во североисточна Нигерија, каде убија 32 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но властите се сомневаат во исламистичката терористичка група Боко Харам, која извршуваше слични напади во регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.