Самоубиствен напад во Багдад – најмалку 12 загинати и 25 ранети

Најмалку дванаесет луѓе го загубија животот, а дваесет и пет се ранети во самоубиствен напад кој се случи денеска во северниот дел од Багдад.

Напаѓачот активирал експлозив кој го носел на себе на плоштадот Адан во момент кога голем број луѓе оделе на работа.

Засега никој не ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад извршен во реон каде најбројно население се шиитите.

Екстремистичката група Исламска држава контролира една третина од териториите на Ирак и Сирија и често го напаѓа шиитите кои се мнозинство во Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.