Самоубиствен напад во џамија, најмалку 15 загинати

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад врз шиитска џамија во источниот дел на Багдад.

Во нападот се повредени 32 лица.

Нападот се случи три дена по нападот врз сунитска џамија во североисточниот дел на Багдад, во кој се убиени 70 луѓе.

Петмина загинаа денеска во други напади во Ирак. Истовремено, во напади со автомобили-бомби во Кербала и Хила, се убиени 12, односно 11 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.