Самоубиствен напад во Кабул, најмалку седум загинати, над 300 повредени

Самоубиствен напад во Кабул, најмалку седум загинати, над 300 повредени
Самоубиствен напад во Кабул, најмалку седум загинати, над 300 повредени

Најмалку седум лица загинаа, а 327 се повредени денеска во самоубиствен напад извршен во центарот на Кабул, соопшти авганистанското Министертсво за здравство.

Претходно, ТАСС јави дека во нападот извршен со автомобил-бомба во близина на седиштето на Националната управа за безбедност, Министерството за одбрана и Амбасадата на САД, загинале најмалку 20 лица, но сега оваа бројка е ревидирана.

Сепак, во соопштението на Министретсвото се наведува дека многу од повредените се во критична состојба, па можно е конечниот биланс на жртвите да биде поголем.

1461050304855

На неколку стотина метри од местото на нападот, шро кој било користено пил-ап возило, се наоѓа и авганистанската Претседателска палата.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои неодамна објавија дека ја почнуваат традиционалната пролетна офанзива. Денешниот напад е првиот напад во Кабул од почетокот на офанзивата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.