Македонија

Самовработување на лица со инвалидитет

Самовработување на лица со инвалидитет
Самовработување на лица со инвалидитет

Вкупно 360 лица, од кои 120 со инвалидитет кои ќе креираат сопствен  бизнис и дополнителни 240 невработени лица кои ќе се вработат во новоформираните претпријатија, ќе овозможи програмата Самовработување на лица со инвалидитет.

За реализацијата на оваа програма Владата предвиде 59 милиони и 280 илјади денари, а право на учество имаат сите невработени лица со инвалидност.

Програмата денеска ја промовираа вицепремиерот задолжен за економскки прашања Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Попоски и Алесандро Фракасети, заменик-постојан претставник на УНДП во Македонија.