Сампаоли ја презема вината за дебаклот, но не се предава

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Хорхе Сампаоли ја презема вината за синоќешниот дебакл на неговите избраници, кои загубија со 3:0 од Хрватска и сега се пред испаѓање од Мундијалот уште во првиот круг.

Се уште имаме шанси, имаме уште еден натпревар, уште не сме испаднале. Јас сум одговорен за резултатот, им се извинувам на навивачите на Аргентина, на сите нив, знам дека ги има 40 милиони. Но Хрватска е одличен тим. Болката е голема, пече, но така се случи, изјави Сампаоли.

Тој рече дека се многу разочарани и деке тој е одговорен за резултатот.

Но индивидуалните грешки доведоа до промашени цели. Хрватска ја презеде иницијативата, и ние не можевме да смениме ништо. Се разбира, ова е многу болен пораз, но мора да останеме тим. Мојот тим за натпреварот, мојот проект не функционираше. Долго време работам како тренер и сум свесен за одговорноста. Се што останува за нас е да се бориме во последниот натпревар, да се држиме за секоја шанса“, изјави Сампаоли.

Сепак, тој не дозволи да се напаѓаат Меси и голманот Кабалеро.

Другите играчи не се вклопија со Меси, тоа беше проблем, ни пропадна проектот на играта. Да, јас го одбрав Кабалеро, се случи грешка. Повторувам, се е моја одговорност, но уште не се вративме дома, рече Сампаоли.