Сампаоли веќе не е аргентински селектор

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Хорхе Сампаоли, повеќе не е оваа должност, откако со раководството на Аргентинската фудбалска асоцијација (AFA) постигнал спогодба за раскинување на договорот што на 58-годишниот тренер ќе му донесе два милиона долари, објавија во неделата аргентинските медиуми.

Сампаоли имаше договор до 2022 година, а официјалното раскинување треба да го потпише во понеделник.

Под водство на Сампаоли, Аргентина одвај успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија, но селекцијата предводена до Лионел Меси и другите фудбалски ѕвезди како Серхио Агуеро, Гонзало Игуаин, Анхел Ди Марија, Паоло Дибала… на мундијалот не успеа да ги исполни големите очекувања на нацијата,.

По стартното реми со Исланд (1:1), убедливиот пораз од 0:3 од сега финалистот Хрватска, Аргентина со победата од 2:1 се провлече во осминафиналето во којашто со 3:4 беше поразена од вториот денешен финалист Франција.

Тоа беше четвртиот пораз на Аргентина под водство на Сампаоило, кој во 15 натпревари оствари уште седум победи и четири нерешени средби.

Сампаоли своите најголеми тренерски успеси ги постигна кога ја водеше селекцијата на Чиле од 2012 до 2016 година, кога во 2015 година ја освои Копа Америка и истата година беше  прогласен за најдобар тренер во Латинска Америка., а беше и меѓу трите кандидат за тренер на годината во изборот на ФИФА, покрај Пеп Гвардиола и Луис Енрике.