Шампионски тест на Итихат, Сити домаќин на Арсенал

Саботните натпревари од 16. коло во англиската Премиер лига ќе поминат во знакот на дерби пресметката помеѓу директните ривали за шампионската титула, Манчестер Сити и Арсенал.

Менаџерот на “топчиите”, Арсен Венгер вети дека нема да се повтори последното гостување во Манчестер, кога неговиот тим доживеа минимален пораз во дуелот со големиот градски ривал на Сити, Манчестер Јунајтед.
“До сега, до ова 16. коло, единствениот голем кикс ни е поразот од Јунајтед. Сепак, фановите не смеат да заборават дека Јунајтед упати само два удара кон нашиот гол и потигна еден гол. Не бевме надиграни и поради таа причина ние сакаме да одиграме многу подобро против Манчестер Сити, сакаме да бидеме поофанзивни, поопасни пред противничкиот гол. Ја научивме лекцијата, свативме дека мора да бидеме офазнивни во двете полувремиња”, изјави, Венгер.
Нови три бода на своето конто најверојатно ќе запишат фудбалерите на Челзи кои ќе се обидат на најдобар можен начин да ја искористата предноста на домашниот терен во дуелот со новајлијата во елитното друштво, тимот на Кристал Палас.
Денеска на програмата: Кардиф – ВБА, Манчестер С. – Арсенал, Челзи – Кристал Палас, Евертон – Фулам, Њукасл – Саутемптон, Вест Хем – Сандерленд, Хул – Стоук.