Самсунг „Галакси 7“ не се безбедни, компанијата апелира да не се користат

Ваквото решение на компанијата останува во сила, се додека не се утврдат причинита за самозапалувањето на овој мобилен телефон.

Во септември оваа година, „Самсунг“ веќе повлече 2,5 милиони вакви телефони, откако имаше примено бројни поплаки од потрошувачите дека батеријата на „Галакси 7“ експлодира или самата се запалува.

Подоцна компанијата соопшти дека заменетите телефони од овој тип, се безбедни за користење, но набргу потоа се појавија нови случаи на самозапалување.

Еден сопственик на „Галакси 7“ од американаката сојузна држава Кентаки, пријавил дека се разбудил во текот на ноќта, кога забележал дека неговата спална соба е полна со чад од мобилката која почнувала да гори.

Истрагата е започна кога екипаж на еден авион, на внатрешна линија во САД, побара летот итно да се прекине, а леталото да се приземји на првиот аердором, откако било забележано како еден „Галакси 7“ на патник во авионот, почнал да испушта чад.

Во понеделникот, „Самунг“ уверуваше дека нивниот мобилен телефон е сосема безбеден, но само по 24 часови се појави ново соопштение, во кое се бара од сопствениците на овој модел мобилки, да ги исклучат и повеќе да не ги вклучуваат.

Медиумите во Сеул предвидуваат дека „Самсунг“ трајно ќе го повлече од производство и продажба „Галакси 7“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.