Сан Антонио и Мајами ќе играат за титулата во НБА лига

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс,повторно ќе играат со Мајами во финалето на НБА лигата, откако беа најдобри во Западната конференција против Оклахома. Мамузите славеа на шестиот натпревар со 112:107 и со 4:2 во победи обезбедија нова средба за шампионскиот прстен со Мајами.

Ова е шесто финале за Сапрси, а единствен пат во меч за титулата загубија минатата година, токму од Мајами, иако и тогаш имаа можност да стигнат до трофејот во шестиот натпревар.

Борис Дијао постави рекорд на сезоната со 26 поени, вклучувајќи ги и слободните фрлања кои ја потврдија победата. Дијао само два пати во кариерата постигна повеќе поени, а неговиот рекорд е 30 поени, постигнат во 2006 година.

Домаќините ги предводеше брилијантниот Расел Вестбрук со 34 поени, 7 скока, 8 асистенции. Кевин Дурант надвор од игра беше само 72 секунди, уфрлувајќи 31 поен, со 14 скокови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.