Сан Антонио поведе со 3:2 против Оклахома

Минатогодишниот финалист во НБА лига, Сан Антонио Спарс е на една победа до натпреварот за шампионскиот прстен во ова натпреварување, откако во петтиот натпревар на домашен терен ја совлада Оклахома Сити со 117:89 и поведе со 3:2 во победи во финалето на Западната конференција.

По изедначената прва четвртина Сан Антонио, беше убедлив во останатите три и заслужено стигна до победата . Шест играчи на  “мамузите” постигнаа двоцифрен број на поени , а најефикасни беа Тим Данкан и Ману Џинобили запишаа 22 односно 19 поени.

Во таборот на Оклахома , очекувано најмногу се истакна Кевин Дурант со 25 поени.

Следниот натпревар се игра  утре на теренот на Оклахома Сити, сосека вечерва на програмата е шестиот натпревар меѓу Мајами и Индијана ( 3:2 за Мајами).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.