Сан Антонио со победа ја стартуваше новата НБА сезона

Утрово во САД започна новата сезона во НБА-лигата, а актуелниот шампион Сан Антонио Спарс стартуваше на најдобар можен начин – со победа.

Иако потешко од очекуваното, со оглед на тоа дека тимот на Далас имаше и шут за победа, сепак Спарси уште на првиот меч забележаа победа, и тоа со 101:100.

Речиси за време на целиот меч Сан Антонио пред својата публика имаше водство, но на крајот за малку не го прокоцка и не загуби уште на отварањето на новата сезона. Незгодниот Далас имаше негатива од 10 поени на пет минути пред крајот на средбата, но ја надокнади, а пред крајот имаше шанса да дојде до голема победа, но Парсонс го промаши последниот шут со звукот на сирената за три.

Најефикасен стрелец кај Спарси беше Тони Паркер со 23 поени, додека Џинобили додаде 20. Кај Далас пак најмногу се истакна Монта Елис со 26 поени.

На останатите две средби екипата на Њу Орлеанс со 101:84 славеше над Орландо Меџик, додека мечот меѓу ЛА Лејкерс и Хјустон заврши со резултат 90:108.

РЕЗУЛТАТИ

Сан Антонио – Далас 101:100
Њу Орлеанс – Орландо 101:94
ЛА Лејкерс – Хјустон 90:108