„Сан Антонио“ за Каваи бара три играчи на „Лејкерси“ и два пика на драфтот

Управата на „Сан Антонио“ продолжува да преговара со „Лос Анџелес Лејкерс“ околу размената на нивниот најдобар играч, Каваи Ленард, пишуваат американските медиуми.

Според инфоррмации од инсајдер, клубот во Тексас бара многу играчи за возврат, а на „Лејкерси“ им се брза и по ангажирањето на Леброн Џејмс сакаат да ја завршат работата што е можно поскоро.

„Спарси“, наводно, сакаат во замана на Каваи да ги добијат Брендон Инграм, Кајл Кузма и Џош Харт во своите редови, како и правото на избор на два пика во првиот круг од драфтот.

Каваи поради повреда одигра само девет натпревари, а во финишот на сезоната имаше конфликт со раководството на клубот.

Најдобриот играч на „Сан Антонио“ во 2011 беше 15-ти пик на „Индијана“, но веднаш беше разменет и испратен во Тексас, па со „Спарси“ ја освои титулата во НБА во 2014 година.

Според американските медиуми, бекот на „Лејкерс“, Ајзеа Томас преговара со „Орландо“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.