Сан Франциско поднесе тужба против указ на Трамп

сан франциско

Во тужбата, која до Федералниот суд ја поднесе јавниот обвинител на Сан Француско, Денис Ерера, се наведува дека указот на Трамп е противуставен, бидејќи со него се прекршува владеењето на правото и се повредува суверениетот на градот.

Одделни градски управи во САД водат политики со кои судски не ги гонат мигрантите кои илегално ќе дојдат на територијата на нивниот град, поради што се нарекуваат „прифатилиште за мигранти“.

Минатата недела Трамп потпиша указ со кој се запира финасирањето на градовите, кои нема да соработуваат со федераните имиграциски власти. Со оваа одлука на Сан Франциско му се скратуваат 1,2 милијарди долари, колку што годишно добива од федералниот буџет.