четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

„Сан“: Патрик Демпси ја претепал сооругата за да види како изгледа да се тепа жена

Поранешната сопруга на ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“, Патрик Демпси, Роки Паркер тврдела дека актерот ја претепал во 1987 година, со цел „да види какво е чувството да се тепа жена“, објави магазинот „Сан“.

patrik

Последни вести

– Ме претепа за време на снимањето на еден филм, затоа што, како што ми рече, сакал да дознае какво е чувството да се тепа жена, изјавила Паркер во текот на бракоразводната парница во 1994 година, но тоа тврдење никогаш не било обелоденето во јавноста, затоа што таа набрзо ја повлекла тужбата.

Паркер тогаш тврдела дека ионцидентот се случил за време на снимањето на филмот „Can’t Buy Me Love“, а според наводите на „Сан“ неа и биле потребни години да се опорави од овој настан, поради што дури и посетувала и психијатар и пиела антидепресиви.

patrik1

Роки Паркер почина пред дев години од карцином.

Демпси, кој денес е во брак со Џилина Финк, со која има три деца, засега не ги коментираше ваквите тврдења на магазинот „Сан“.

Најчитани вести