Сан Сиро заминува во историја

Барбара, ќерката на Силвио Берлускони пред претставниците на медиумите изјави дека она што некое време се шпекулира по медиумите најверојатно и ќе се оствари, односно дека Милан наскоро би можел да се пресели од „Сан Сиро“.

-„Сан Сиро“ е чудесен стадион, место каде е пишувана историја, каде Милан и Интер го доживеаја најдоброто, но сепак тоа повеќе не е доволно. Стадионот мора да пружа разни услуги, мора да биде отворен седум дена во неделата, а не само на денот на натпреварот, изјави Барбара Берлускони.

„Сан Сиро“ кој е дом на Милан и Интер, е отворен во 1926-та година, а беше реновинар во пресрет на Светското првенство во 1990-та година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.