Балкан

Санадер и ХДЗ враќаат повеќе од 522 илјади евра

Санадер и ХДЗ враќаат повеќе од 522 илјади евра

Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, денеска беше прогласен за виновен и неправосилно осуден на уште девет години затвор, во најголемиот процес за корупција некогаш одржан во оваа најмлада земја членка на Европската унија.

Но, таа пресуда предизвикала многу помало внимание од фактот дека десно ориентираната и највлијателната опозициска ХДЗ (Хрватска демократска заедница), ја поделила судбината на својот лидер, кој на нејзино чело поминал 16 години.

ХДЗ е казнета со пет милиони хрватски куни или 653 илјади евра  и одземање на имотна корист стекната со кривично дело во износ од над три милиони евра.

На Санадер, покрај пресудата од 10 години затвор изречена во ноември 2012-та година за корупција во случајот Хипо банка и Мол, денеска му е изречена пресуда од девет години затвор поради извлекување пари од државни инстутици и фирми преку маркетинг агенцијата Фими Медиа, по која е наречена и најголемата афера во хрватската политика.

Доколку оваа пресуда се потврди, Санат со затворската казна ќе мора да врати околу два милиони евра за кои загрепскиот Жупански суд утврдил дека ги стекнал на незаконски начин.

Фактот дека за прв пат во европското, а можеби и во светското правосудство, пресуда да биде изречена на една политичка партија, отвори голем број прашања, пред се’ каква е иднината на партијата, која додека била на власт, функционирала како еден вид на криминално здружување.